Педагози, психолози и директори од градинките и основните училишта денеска учествуваа на семинар по предметот физичко и здравствено образование кој се одржа во Општина Аеродром. Семинарот го одржа Ѓорѓи Спасов, поранешен професор и декан на Факултетот за физичка култура од Скопје, кој зборуваше за начинот на оценување на крајот на учебната година, за едукација, доедукација на воспитувачите во градинките и предметните наставници, како и за индикациите и контраиндикациите и недостигот на телесно вежбање.
Фото: Општина Аеродром
– Целта на семинарот, на кој беа прикажани филм по физичко образование и видеоснимки и цртежи за развој на моторичките способности, е да поттикне здрав и културен живот за време на наставата на учениците, но и во нивното слободно време – велат организаторите.
Наставниците добиле и литература со чија помош можат да го интензивираат физичкото образование во наставата.
912