Лани во Америка 109 бебиња биле крстени со име Тесла

Опсесијата на Американците со автомобили е прилично голема. Барем така покажуваат последните трендови за имиња на бебиња забележани од страна на американските власти.

Според податоците што ги објави американската администрација за социјална заштита, во 2018 година во САД 109 деца (и тоа повеќе девојчиња отколку момчиња) биле крстени со име Тесла, додека 222 деца биле крстени по извршниот директор на компанијата, Илон Маск. Што е тоа ако не љубов?

Други имиња инспирирани од автомобили се и Форд, Мерцедес, Бентли и Ауди, кои им биле дадени на стотици невини бебиња. Во 2018 година се родиле и 551 Едисоновец.

Не се знае дали одлуката ќе ѝ помогне на компанијата да ги надмине проблемите со кои се соочува откако неколку автомобили се запалија.

Како и да е, Американците се познати по именувањето на децата според некои ѕвезди. Во деведесеттите Бритни беше навистина популарно име.



912

X