Сфаќањето на тоа како се одвива процесот на проширување на грлото на матката за бремените жени може да биде застрашувачки факт. Пред бременоста повеќето од нас мислеа дека нашите вагини едноставно се отвораат и од нив излегува бебето, меѓутоа, целиот тој процес е многу покомплициран. Затоа бабиците, акушерките и гинеколозите имаат доста корисна алатка што вешто го прикажува процесот на проширување на грлото на матката

Центарот за породувања во Санта Кларита, Калифорнија, сподели фотографија од дрвена табела што совршено го опишува ширењето на грлото на матката. Алатката е едукативна и покажува дека жените навистина се суперхерои.

Поконкретно, алатката го отсликува процесот на ширење на матката во текот на пораѓањето, почнувајќи со еден сантиметар и ширејќи се до десет сантиметри.

Под фотографијата пишува: – Вака изгледаат 10 сантиметри ширење на грлото на матката. Еве зошто ги заслужуваме сите тие работи.

Се разбира, ширењето на грлото на матката не кажува точно кога ќе се роди бебето. Всушност, некои жени може да се отворени 3-4 сантиметри и да не родат во наредните неколку недели, но ширењето им помага на акушерките да го следат процесот и на жените им покажува за што се создадени нивните тела.



912

X