Христина Стефановска, лиценциран психолог

Христина Стефановска, лиценциран психолог

Е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com
Детски психолог

Повеќе од авторот

Емоциите на детето се воспитуваат исто како што се воспитува и однесувањето

Не можеме да ги спасиме децата од нивните негативни емоции и чувства, но можеме да ги поддржуваме нашите деца за да поминат низ нив и да станат поотпорни и подготвени да се справуваат со животните ситуации. Со тоа, како родители, нашето место е до детето, а не над него!

За да ја развивате палетата на детското емоционално искуство и изразување, за да им помогнете на децата во соживувањето и разбирањето на чувствата и емоциите, добро е да слушате музика и да танцувате заедно, да измислувате приказни, да одиграте домашен театар и да користите кукли за играње улоги и правење дијалози со нив

Детската радост, љубов, тага, страв, недоверба, среќа се преточени во однесувањето преку изразување насмевки, солзи, тантруми, извици, пискоци, трчање, ноќни проблеми, молчење итн. Овие состојби се природни и се поврзани со детското созревање, со самодовербата на детето, кое постепено се учи како правилно да ги изразува емоциите. Тоа значи дека емоциите на детето се воспитуваат исто како што се воспитува и однесувањето. Како резултат на тоа, децата почнуваат подобро да се справуваат со сопствените и со туѓите емоции.

За да ја развивате палетата на детското емоционално искуство и изразување, за да им помогнете на децата во соживувањето и разбирањето на чувствата и емоциите, добро е да слушате музика и да танцувате заедно, да измислувате приказни, да одиграте домашен театар и да користите кукли за играње улоги и правење дијалози со нив. Тоа се игри што ја поседуваат слободата да зборуваат за чувствата и емоциите на детето. Тогаш децата не се плашат да ги изразат на соодветен начин и негативни искуства (стравови, отфрлања, недоверба, несогласување, бес, гнев, бес, итн.). Раскажувајте им приказни од вашето детство, покажувајќи им дека секој има право да се плаши и да биде лут или да греши. Неопходно е детето постојано да чувствува дека ние, возрасните, веруваме во него дека го прифаќаме такво како што е, уважувајќи ја, а не погрдувајќи ја неговата личност!

Во раното детство (претшколска возраст), емоциите, игрите и играчките се поврзани меѓусебно. Играчката е отворена за чувствата, емоциите, мислите и искуствата на детето. Таа е партнер во играта. Емоционалниот свет на детето е исклучително богат, шарен, понекогаш и ужасен за родителите, но секогаш е како израз на длабочината на детското искуство.



912

X