Биби порасна и наполни една година. Се роди на страницата Деца.мк, а подоцна ни го претстави нејзиниот свет на јутјуб-каналот Биби/Bibi. И таа се радува на својот роденден исто како сите дечиња на светот. Ќе прави своја забава, ќе ги повика своите пријатели, Боби ќе биде со неа, но и нејзините пријатели – животните од шумата и џиновите.

Ве покануваме да ги инспирирате вашите деца (од 4 до 12 години) да нацртаат како го замислуваат роденденот на Биби.
Цртежите можете да ни ги испратите на следната адреса:

ул. „Лондонска“, бр.19 локал 11, 1000 Скопје.
Писмото да гласи до „Факултети.мк“.

Ќе ги очекуваме уметничките дела на вашите најмили најдоцна до 3 мај. За најуспешните цртежи следуваат подароци од „Светот на Биби“.

Ве молиме, со цртежите испратете ни ги следните податоци за вашето дете: име и презиме, возраст и место на живеење.



912

X