Постојат 30 работи што ги цртаат само интелигентните седумгодишни деца кога сакаат да нацртаат човек. Тоа го покажа студијата на холандскиот Универзитет „Радбоуд“.

Истражувачите имале намера преку студијата да покажат дека интелигенцијата не е поврзана само со високиот IQ, туку и со креативноста. Она што ги обележува интелигентните луѓе, па и децата, е осмислувањето на сопствените идеи и неконвенционалното размислување, смета коавторот на студијата Свен Мeтхијсен во својата изјава за „Гардијан“.

Ова се 30 работи што ги цртаат децата со висок IQ кога ќе им кажете да нацртаат човек:
* глава од профил
* нашминкани очи
* секрет од носот
* бенки
* козја брадичка
* спојувалки
* мува
* вратоврска
* значка
* струк
* брадавици
* влакна на рацете
* раце со прсти
* раце ставени во џеб од панталони
* раце скриени зад грб
* ракавици
* нокти
* прстен
* гениталии
* урина
* врвца на паричник
* врвца за чевли
* детали на чевли
* мамузи на чизми
* стапала со прсти
* крилја
* опашка
* неколку човечки фигури
* животни
* бои
* рамка околу луѓето

Некои деца го покажуваат потенцијалот преку цртеж

Досегашните обиди да се одреди интелигенцијата со проучување на детските цртежи се фокусираа на бројот на предмети што децата ги цртале на цртежот. Меѓутоа, тој пристап се покажа како контроверзен бидејќи не дава информација за деталите на цртежот, а прашање е и колку бројот на предмети е релевантен како показател на интелигенција. Според Свен Мeтхијсен, предвидувањето на детската интелигенција го надминува тој едноставен пристап.

– Повеќето програми за талентирани деца сѐ уште се потпираат на стандардизираните мерки за постигнувања, како што се тестовите за интелигенција. Но она што се смета за надарено го надминува високиот IQ. На пример, важна е улогата на креативноста како осмислување на сопствените идеи и неконвенционалното, флексибилно размислување надвор од рамките. Автоинтелигенција. Нивните одговори не се нужно неточни, но не можат да се сметаат за точни бидејќи не се споменати во упатствата за процена на таквите тестови – вели Метхијсен.

Научникот признава дека процената на надареност на децата не е лесна задача. На пример, ако детето е потенцијално високо интелигентно, што се покажува и на тестовите за интелигенција, но не е успешно во училиштето, или лошо го решава тестот за интелигенција, но се гледа дека има потенцијал (што може да се забележи на необичните решенија во тестот на интелигенција). „Наша процена е дека со анализа на цртежите на ниво на поединечни предмети можат да се идентификуваат такви непрепознатливо високо надарени деца“, смета Метхијсен.

Тој и неговиот тим откриле дека од 130 работи што ги нацртале 120 деца во неговата студија, 47  упатуваат на исклучителна надареност кај децата, а 30 предмети биле земени како предмети кои укажуваат на висока надареност. Во групата исклучително надарени поединечните работи се појавиле по еднаш или двапати. Исто така, 47 % исклучително надарени деца нацртале по еден или два исклучително необични и посебни детали. Нивните цртежи се фундаментално необични и исклучителни во однос на помалку надарените деца.

Лоши резултати поради стравот

Авторот исто така се надева дека со овој тест полесно ќе ги откријат децата кои на стандардните тестови не покажуваат добри резултати поради трема и чувство дека во тој момент мора да одработат перфектно. „Нервозата исто така е можна причина за неуспех“, смета Метхијсен и додава: „Но ако на детето, наместо таков тест, му дадете задача едноставно да нацрта човек, тоа најверојатно со многу помала загриженост ќе се впушти во цртањето кое го познава и многупати го работело, па не се плаши од таква задача.“



912

X