Игротека

Неверојатните способности на бебињата: Што сè можат во првите месеци?

Научните студии потврдуваат дека бебињата не се само пасивни примачи на информации, туку уште од раѓање имаат импресивни способности, од кои некои дури ги надминуваат вештините на возрасните.

Еве кои се 6. изненадувачки способности што науката им ги прeпишува на бебињата:

1. Препознавање емоции и емпатија

Бебињата се исклучително чувствителни на туѓите емоции. Уште на неколку месеци тие можат да го разликуваат среќниот од тажниот израз на лицето, а околу првиот роденден веќе чувствуваат како се чувствуваат другите.

  • Како да го поттикнете развојот на оваа способност? Отворено покажувајте ги своите чувства и зборувајте со топол тон. Бебињата лесно ја препознаваат секоја глума или вештачко однесување.

2. Комуникација со гестикулации

Бебињата често комуницираат со движења на рацете уште пред да проговорат. Користењето гестикулации за основни потреби им помага да ги изразат своите мисли.

3. Чувство за броеви, логика и статистика

Истражувањата покажуваат дека бебињата имаат основно разбирање за математиката (како собирање и одземање преку предмети) и можат да донесуваат заклучоци. На пример, тие забележуваат кога нешто статистички нема смисла во збир на предмети.

  • Како да го поттикнете развојот на оваа способност? Понудете им играчки кои поттикнуваат истражување, коцки, кутии со капачиња или садови со различна големина.

4. Вродена способност за учење јазици

Бебињата имаат неверојатна способност лесно да усвојуваат повеќе јазици истовремено. Повеќејазичноста го поттикнува флексибилното размислување, го подобрува памтењето и ја зајакнува концентрацијата.

5. Препознавање лица и прифаќање различности

Веќе во првите месеци бебето ви го препознава лицето, а до петтиот месец лесно ги разликува познатите лица.

6. Реакција на музика и ритам

Новороденчињата имаат природен талент за музика. Способноста да препознаваат ритам во звучните секвенции е функционална уште од раѓање, па затоа тие можат да предвидуваат ритам и да реагираат со движење.

Извор

Поврзани написи

To top