На 14 и 21 ноември 2026 година, Македонскиот народен театар повторно ќе биде домаќин на највеселата музичка приказна за најмладите – 56. издание на фестивалот „Златно славејче“.
Во два фестивалски дена, публиката ќе ужива во 15 нови детски песни во изведба на хорот кој го сочинуваат 70 златни славејчиња. Публиката ја очекува одлична музика, детски насмевки и искрена радост, продолжувајќи ја традицијата што со децении ги обединува генерациите и го прави детството побогато со незаборавни спомени.
Фестивалските изведби на 14 и 21 ноември, ќе се одржат во Македонскиот народен театар – Скопје, со почеток во 10:00, 14:00 и 17:00 часот.
По 56 пат во еден глас ќе се пее стихот „за сите деца да биде сонце…“, па токму затоа сите деца и возрасни се поканети на „Златно славејче 2026“ – за детство што се памети!
Повеќе информации за изведбите прочитајте тука: https://zlatnoslavejce.mk/