Совети

Д-р Ранко Рајовиќ открива зошто преголемата родителска помош му штети на детето

Познатиот експерт за ран детски развој и невронаука во образованието, проф. д-р Ранко Рајовиќ, постојано испраќа една важна порака до родителите: движењето, играта и самостојното истражување се темел на сè.

Мозокот на детето до третата година од животот се развива со неверојатно темпо. Во тој пресуден период родителите често прават грешки, но не од незнаење, туку од преголема љубов. Парадоксот е во тоа што колку повеќе му помагаме на детето и му ги отстрануваме сите пречки од патот, толку повеќе му штетиме на неговиот развој.

Затоа едукацијата на родителите е пресудна. Наместо секоја препрека да ја решаваме наместо нив, наша задача е да им овозможиме да се соочат со мали, соодветни предизвици.

Зошто се важни секојдневните искуства и совладувањето пречки?

Кога детето самостојно истражува и се бори да надмине некоја препрека, неговиот мозок создава милиони нови нервни врски. Тоа не е само физички развој, туку градење логика, просторна ориентација и способност за решавање проблеми во иднина.

Д-р Рајовиќ ова најдобро го илустрира преку личен пример од времето кога неговата ќерка била мала:

„Кога таа лазеше, не ѝ го расчистував подот. Напротив, ѝ правев мала ограда од креветите, редев дури и перници како пречки за да мора да преминува преку нив, а на крајот редев неколку нејзини омилени играчки за да ја мотивирам сама да стигне до нив…“

Поврзани написи

To top