Здравје

Недостиг на витамин Д: Кои се клучните симптоми што не смеете да ги игнорирате?

Нашето тело секогаш испраќа јасни сигнали кога му недостига некој важен витамин или минерал. Доколку забележите необични симптоми што претходно ги немате почувствувано, тоа е знак дека организмот бара промена.

Недостигот на витамин Д е особено честа појава, а неговото влијание врз целокупното здравје е огромно. Бидејќи симптомите знаат да бидат прикриени, честопати не се препознаваат навреме.

Најчести знаци и симптоми за недостиг на витамин Д:

  1. Често кршење на коските: Многумина мислат дека за ова е виновен само калциумот, но лошата апсорпција на витаминот Д е клучниот фактор што ги прави коските поранливи.
  2. Лошо расположение: Недостигот на изложеност на сонце може да го намали лачењето на серотонинот, хормонот за задоволство и регулација на расположението.
  3. Болки во коските и зглобовите: Недостигот предизвикува непријатност и болка, најчесто во грбот и колената, а долгорочно го зголемува ризикот од остеопороза.
  4. Необично потење на главата: Потењето на скалпот при нормална телесна температура е еден од помалку познатите, но значајни симптоми.
  5. Хроничен замор и исцрпеност: Постојаното чувство на умор има негативно влијание врз секојдневниот живот, а честопати коренот лежи токму во ниското ниво на витамин Д.
  6. Бавно заздравување на раните: Витаминот Д учествува во создавањето нова кожа и помага во борбата против инфекции и воспалителни процеси, поради што повремените рани заздравуваат подолго од вообичаено.

Совет: Доколку препознаете некои од овие симптоми, најдобро е да направите лабораториска анализа на крвта и да се консултирате со вашиот лекар пред да започнете со земање суплементи.

Извор

Поврзани написи

To top