Нашето тело ни испраќа јасни сигнали кога му фали некој витамин. Доколку забележите некои чудни симптоми што претходно не се јавувале, знајте дека вашето тело ви сигнализира дека му недостига некој витамин или минерал.

Недостигот на витамин Д се манифестира со чувство на замор и лошо расположение, но има и уште неколку други симптоми што не смеете да ги занемарите. Овој витамин е многу важен за правилно функционирање на нашиот организам и има сериозно влијание врз нашето тело доколку го немаме во доволни количини.

Недоволна количина на витаминот Д може да доведе до слабеење на мускулите, замор, па дури и психички проблеми. Понекогаш не е лесно да се уочи кога недостига витаминот Д бидејќи симптомите се прикриени.

Кршење на коските

Доколку често ви се случува да ги кршите коските, тогаш сигурно ви недостига витамин Д. Многумина мислат дека за тоа е виновен недостигот на калциум, кој е задолжен за здравјето на коските, што може да биде случај. Но, тука спаѓа и недоволната или лоша апсорпција на витаминот Д.

Лошо расположение

Доколку не се изложувате доволно на сончеви зраци, постои шанса да се намали производството на хормонот на среќа – серотонин. Тој е задолжен за регулација на расположението.

Болка во коските и во зглобовите

Поради недоволно количество на витамин Д, се јавува чувство на непријатност и болка во коските и во зглобовите. Најчесто се забележува во колената и во грбот. Оние што не внесуваат доволно од овој витамин ризикуваат да добијат остеопороза и болки во грбот.

Потење во главата

Потењето на скалпот е уште еден симптом за недостиг на витаминот. Доколку се потите иако температурата на телото ви е во нормала, можеби ви е потребен витамин Д.

Замор и исцрпеност

Чувството на замор е често кај луѓето што патат од недостиг на витамин Д, но потенцијалната причина често може да биде незабележана. Чувството на замор на долги патеки има негативно влијание врз телото.

Бавно заздравување на раните

Доколку имате некоја рана по операција или повреда, а таа бавно заздравува, тогаш запрашајте се колкаво е нивото на витаминот Д во вашиот организам.

Витаминот Д произведува важна компонента за создавање нова кожа како дел од процесот на исцелување, пишува во „Дејли стар“. Се верува дека има влијание и врз воспалителните процеси, како и учество во борбата против инфекции.



912

X