Совети

Зборовите имаат моќ: 3 важни совети за секој родител

Зборовите што ги избираме имаат огромно влијание. Начинот на кој им се обраќаме на децата и како зборуваме пред нив директно го обликува нивниот свет и нивната слика за самите себе.

Еве 3. важни потсетници за моќта на зборовите во воспитувањето:

1. Дозволете им на децата „случајно“ да ве слушнат како зборувате убаво за нив

Кога детето ве слуша како искрено го фалите пред другите (пред роднини, пријатели или сопругот/сопругата) без директно да му се обраќате, тоа му дава длабока потврда, ја зајакнува неговата самодоверба и му покажа дека е вистински ценето.

2. Запомнете: Вашите зборови стануваат нивен внатрешен глас

Начинот на кој зборувате со детето денес станува гласот со кој тоа ќе разговара со себе утре. Бидете благи, љубезни и поддржувачки настроени. Кога греши, критикувајте ја постапката, а не неговата личност.

3. Зборувајте добро за другите

Кога ги истакнуваме добрините и позитивните особини кај луѓето околу нас, ги учиме децата почесто и полесно да го гледаат доброто во светот и во луѓето.

Начинот на кој им зборуваме на нашите деца станува нивен внатрешен монолог за цел живот. Изберете ги вашите зборови со љубов.

Поврзани написи

To top