Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави новиот законски рамковен пакет „EU Kids Act“, кој воведува строги возрасни ограничувања и заштитни мерки за користење на социјалните мрежи меѓу младите.
Ваквиот чекор доаѓа како одговор на податоците дека младите во Европа поминуваат од 4 до 6 часа дневно пред екраните, изложени на алгоритми дизајнирани да создаваат дигитална зависност.
Правила според возрасни категории:
- Под 13 години: Целосна и апсолутна забрана за пристап и користење на социјалните мрежи.
- Од 13 до 15 години: Забрана за самостојно отворање профили. Дозволени се само контролирани „мини-профили“ кои ги раководат родителите, со ограничување на максимално 1 час дневно.
- Од 15 до 18 години: Дозволено користење, но платформата мора да гарантира „сигурен дизајн“, без алгоритми кои предизвикуваат зависност или нудат екстремна содржина.
Со овој закон Европската Унија ја менува стратегијата кон големите технолошки компании. Наместо корисниците да се штитат самите, самите платформи ќе мора однапред да им докажат на регулаторите дека нивните апликации се безбедни за деца пред да добијат дозвола за работа.