Воспитување

Четирите збора со кои ќе го научите тинејџерот на одговорност, совети од експерт од „Стенфорд“

Да се обидувате да изградите чувство за одговорност кај еден тинејџер често изгледа како постојана борба во која и покрај сите напори, стоите в место. Сепак, според експертите, сè се сведува на вистинскиот пристап, односно на совладување на значењето на следните четири едноставни поими.

Џули Литкот-Хајмс, авторка на бестселерот „Како да одгледате возрасен човек“ и поранешен декан на Универзитетот „Стенфорд“, го поедноставува овој процес во четири чекори:

Четирите клучни поими:

  1. Задолжение: Јасно дефинирање на очекувањата дека одредена задача треба да биде завршена.
  2. Способност: Чекор во кој родителот го учи тинејџерот како правилно да ја заврши задачата.
  3. Автономија: Давање доверба тинејџерот сам да ја заврши задачата, целосна спротивност од претераната контрола и микроменаџирањето.
  4. Одговорност: Грижа задачата да се спроведе до крај или давање повратна информација од родителот за тоа како се одвива процесот.

„Ако сакате да ги научите на одговорност, мора прво вие самите да бидете личен пример. Вие мора да бидете одговорна личност“ – Џули Литкот-Хајмс.

Практични совети за родителите:

  • Избегнувајте го постојаното повторување: Кога постојано притискате, му испраќате порака на тинејџерот: „Не ти верувам и мислам дека не си способен“. Тоа ја уништува довербата.
  • Влезете во улога на „тетка“: Наместо да поставувате строги ултиматуми, пристапете со поддршка, љубопитност и љубов, без емоционално да реагирате со гнев ако задачата не е веднаш завршена.
  • Одолејте на желбата да „спасувате“: Ако му го решите проблемот на тинејџерот штом ќе се соочи со пречка, му испраќате порака дека е неспособен. Потребно е да ги почувствува последиците од своите постапки.
  • Техника „насмевни се и замини“: Користете позитивно поттикнување наместо критика. На пример, наместо да го критикувате за вежбањето гитара, кажете: „Многу ја сакам твојата музика, ме исполнува со радост кога те слушам како свириш“, потоа едноставно насмевнете се и излезете од собата.

Извор

Поврзани написи

To top