Совети

Доење во лето и при патување: Одговори на сите дилеми за младите мајки

Доењето во текот на летните месеци и годишните одмори носи многу прашања, но со правилни информации летото може да биде безгрижно и за мајката и за бебето.

Еве ги одговорите на најчестите дилеми поврзани со доењето во текот на летото и патувањата:

1. Дали треба да се прекине со доењето пред патување?

Никако. Доењето ги обезбедува сите потребни хранливи материи и антитела кои го штитат детето од инфекции за време на патувањето. Дополнително, за бебињата што се исклучиво на мајчино млеко, со доењето се избегнуваат сите грижи околу стерилизација на шишиња, прибор и вода.

2. Кaпење во море и пливање

  • Студената и морската вода не влијаат штетно и не го намалуваат создавањето на млеко, количината на млеко зависи исклучиво од потребите и побарувачката на бебето.
  • Пливањето е одлична вежба за намалување на болките во грбот и губење на вишокот килограми. Сепак, внимавајте да не слабеете премногу нагло бидејќи тоа може негативно да се одрази врз доењето.

3. Задолжително менување на мокрите коситми за капење

По излегување од вода, веднаш променете го водениот костим за капење. Влагата што ја задржува синтетичкиот градник околу брадавиците создава совршена средина за развој на габични инфекции, кои потоа лесно може да се пренесат во устата на бебето.

4. Дали бебето треба почесто да цица во лето?

Да. Бебињата помали од 6 месеци кои се исклучиво на мајчино млеко немаат потреба од дополнителна вода. На почетокот од подојот, млекото е поводенесто за да ја згасне жедта, додека кон крајот е погусто и похранливо.

  • Сосема е нормално бебето на жештините да побара да цица само неколку голтки за да ја згасне жедта.
  • За постарите бебиња што веќе јадат цврста храна, потребен е и дополнителен внес на вода.
  • Мајките мора редовно да пијат доволно течности.

5. Користење кремови за сончање

Кремовите за сончање многу малку преминуваат во крвотокот, но најдобро е да избирате производи на растителна база.

  • Внимавајте: Не мачкајте ги градите со крем (особено ареолите), а пред подој задoлжително измијте ги.
  • Заштитете ги градите од изгореници бидејќи кожата таму е исклучително чувствителна.
  • Не земајте таблети со бета-каротен за самопотемнување додека доите.

6. Како соодветно да доите на плажа?

  • Пред подојот, измијте ги градите со чиста слатка вода за да ги отстраните потта, песoкот и морската сол.
  • Повлечете се во ладовина и удобно сместете се.
  • Доколку сакате приватност, покријте се со тенка памучна пелена или марама.
  • Не оптоварувајте се со предрасудите за доење во јавност, потребите и здравјето на вашето дете се секогаш на прво место.

Извор

Поврзани написи

To top