Воспитување

Генерацијата што го промени родителството: Зошто децата на милениумците растат во најдобри раце

Милениумците (луѓето родени во 80-тите и 90-тите години) целосно ги менуваат децениските правила на воспитание. Тие се поинформирани од сите нивни претходници, ги ставаат децата на прво место и градат сосема нов поглед кон семејството, кариерата и вистинските животни вредности.

Денес, милениумците сочинуваат дури 90 % од сите нови родители. Оваа голема генерациска смена привлече огромен интерес кај експертите бидејќи истражувањата покажуваат дека за оваа генерација родителството не е само уште една обврска во животот, туку нешто што го обликува нивниот главен идентитет.

1. Детето станува нивна лична мисија

Милениумците не го мерат својот успех само според кариерата. Тие создаваат нови, посветени улоги:

  • Модерни и заштитнички настроени мајки.
  • Татковци кои еднакво учествуваат во сите дневни обврски.
  • Родители кои практикуваат емоционална приврзаност и позитивна дисциплина.

За нив, родителството е суштински дел од тоа кои се како личности.

2. Премин од „јас“ во „ние“

Кога ги прашале што најмногу им се променило во животот откако добиле дете, повеќе од четвртина од милениумците навеле целосен пресврт на фокусот. Тие свесно го напуштаат индивидуализмот: „Сите одлуки сега ги носам мислејќи на моето дете, животот повеќе не се врти само околу мене.“

3. Собираат спомени, а не предмети

Иако подоцна влегуваат во брак за да обезбедат стабилност, кога стануваат родители, нивните приоритети се кристално јасни. Дури 56 % од милениумците избираат патувања и заеднички доживувања со семејството наместо трупање материјални работи.

Бидејќи во родителството влегуваат свесно и подготвено, дури 99 % од нив изјавуваат дека искрено уживаат во секој момент со своите деца.

4. Највклучените и најпосветени татковци во историјата

Милениумците го срушија стереотипот за традиционалниот татко:

  • 40 % од татковците биле или моментално се родители кои остануваат дома за целосно да се грижат за децата.
  • Дополнителни 65 % велат дека со задоволство би ја прифатиле таа улога во иднина.

5. Детската среќа пред сопствената кариера

И покрај етикетите дека се генерација опседната со себе, податоците го тврдат спротивното: 91 % од милениумските родители истакнуваат дека одгледувањето среќно и успешно дете им е многу поважно од остварувањето на сопствената кариера.

6. Знаењето е нивната најголема сила

Дури 71 % од милениумците активно користат интернет и научни извори за да научат за детскиот развој. Од правилен сон и исхрана, па сè до емоционално здравје, овие родители не се потпираат на митови, туку бараат проверени совети за да донесат најдобри одлуки.

Што значи ова за нивните деца?

Децата на милениумците растат во свет исполнет со поинаква топлина. Тие имаат зрели родители, татковци кои секогаш се тука за нив и семејно опкружување засновано на разговор, емпатија и длабоко меѓусебно почитување.

Извор

Поврзани написи

To top