Образование

Шведска: ИТ-лидерот ги исфрла телефоните, ги враќа книгите во училиштата

Шведска, земјата која со години важеше за светски лидер во дигитализацијата на образованието, прави остар пресврт. Владата воведува целосна забрана за мобилни телефони во училниците и им дава апсолутен приоритет на традиционалните печатени книги. Главната причина за овој потег е загрижувачкиот пад на општата писменост и способноста за читање кај учениците, откако дигиталните уреди буквално ги преплавија училниците.

За да го поддржи ова враќање на книгата, државата инвестира дури 59 милиони долари за итна набавка на нови учебници и прирачници за наставниците.

Како ќе изгледа оваа реформа на дело?

  • Посебно место за мобилни: Училиштата што веќе ја тестираат оваа мерка воведоа едноставно правило – учениците пред почетокот на часот ги оставаат своите телефони во посебни кутии и ги земаат дури кога ќе заврши наставата.
  • Екрани под клуч за најмалите: Правилата се уште построги за градинките. Децата до двегодишна возраст смеат да користат исклучиво недигитални материјали (сликовници, играчки), а за предучилишна возраст целосно се укинува обврската за користење дигитални алатки.
  • Нова програма до 2028 година: Целиот образовен систем се подготвува за нов наставен план каде што книгата и тетратката ќе имаат главен збор во наставата.

Зошто екраните се штетни за учењето?

Научниците од шведските универзитети докажаа дека читањето од хартија многу подобро го активира моторно-сензорниот дел од мозокот на децата, што директно ги подобрува помнењето и концентрацијата. За разлика од книгите, екраните предизвикуваат чести дистракции и го намалуваат фокусот.

Интересно е што и самите ученици во Шведска ја поддржуваат оваа промена. Како што изјавуваат дел од средношколците: „Технологија и социјални мрежи користиме дома во слободното време, па нема потреба тоа да го учиме на час. Во училиште многу полесно учиме кога пред нас имаме книга“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top