Воспитување

10 безвремени лекции на кои добрите родители ги учат своите ќерки

Овие 10 едноставни и моќни животни лекции се најдобриот подарок што родителите можат да ѝ го дадат на ќерката за да порасне во силна и независна жена:

1. Не дозволувај никој да ти каже дека нешто не можеш

Ти самата одлучуваш за својата судбина. Не дозволувај туѓите сомнежи да те обесхрабрат или да ти го кројат патот.

2. Биди сочувствителна, но не и слаба

Однесувај се кон луѓето со добрина и емпатија. Но, запамети дека да се биде добар, не значи да дозволиш некој да те гази или да ја користи твојата добрина.

3. Биди силна, но не и груба

Заземај се за себе, зборувај гласно кога нешто не е во ред и не толерирај лошо однесување. Кога животот ќе те собори, крени ја главата и продолжи понатаму.

4. Пронајди го твоето „племе“

Чувај ги блиску вистинските пријателки што те поддржуваат и те сакаат таква каква што си. Ако некое пријателство не те прави среќна, имај храброст да го прекинеш.

5. Излези од зоната на комфор

Биди љубопитна и храбра. Пробај ново хоби или отпатувај некаде сама. Секое ново искуство ќе те научи на нешто вредно за тебе и за животот.

6. Живеј сама барем еднаш во животот

Искуси како е да имаш свој простор, без семејство, цимери или партнер. Така ќе откриеш која си кога си сама со себе и ќе научиш да бидеш вистински независна.

7. Внатрешната убавина е поважна од надворешната

Сосема е во ред да сакаш убава облека и шминка, но вложи исто толку труд и во својот карактер. Вистинската убавина доаѓа дури тогаш кога ќе се засакаш себеси.

8. Пронајди ја својата страст

Истражувај го светот и откриј што те исполнува. Не задоволувај се со работа што само ти ги плаќа сметките, туку труди се да го работиш она што навистина го сакаш.

9. Опкружи се со луѓе што те креваат нагоре

Не троши време и енергија на луѓе што бараат да се промениш од корен за да им се допаднеш. Твојата енергија вреди повеќе, подари им ја на оние што те ценат.

10. Сакај се себеси

Љубовта и почитта кон себеси се темелот за сè друго во животот – за твоите идни врски, кариера и среќа. Кога се сакаш себеси, имаш сила да се соочиш со секој предизвик.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top