Совети

Дали „Снепчет“ е безбеден за вашето дете? Еве што советува експерт за сајбер-безбедност

Многу родители се двоумат дали да им дозволат на своите тинејџери да ја користат апликацијата „Снепчет“. Бен Гиленватер, експерт за компјутерска безбедност, предупредува дека оваа платформа не е безбедна за малолетници поради неколку клучни причини:

  • Зависност преку алгоритми: Апликацијата е дизајнирана како рекламна платформа чија единствена цел е да го задржи вниманието на корисникот. Ова докажано води кон зголемена анксиозност и депресија кај младите.
  • Опасни познанства: „Снепчeт“ е честа алатка на дигиталните предатори. Анонимноста овозможува лесен пристап до децата, што често води до уцени и сексуална експлоатација.
  • Следење на локацијата: Функцијата за мапи може во секој момент да открие каде живее, каде учи и каде точно се наоѓа вашето дете, што претставува огромен безбедносен ризик.
  • Несоодветни совети од вештачка интелигенција: Вградениот компјутерски соговорник (My AI) во повеќе наврати бил фатен како им дава совети на малолетници за прикривање на нелегални активности.
  • Дигитален пазар за нелегални супстанции: Поради начинот на кој пораките исчезнуваат, дилерите ја користат апликацијата за продажба на опасни супстанции (како фентанил) директно на ученици.

Како да се заштитите?

Доколку детето веќе ја користи апликацијата, задолжително преземете ги овие чекори:

  1. Вклучете го „Семејниот центар“: Ова ви овозможува да гледате со кого се допишува детето, без да ја нарушите неговата приватност со читање на пораките.
  2. Исклучете ја локацијата: Активирајте го „Невидливиот режим“ за никој да не може да го следи движењето на детето на мапата.
  3. Ограничете го контактот: Наместете во поставките само потврдените пријатели да можат да му праќаат пораки.

Заклучок на експертот: Најдобрата заштита е одложување на користењето на ваквите апликации додека детето не стане доволно зрело за да ги препознае опасностите.

Извор

Поврзани написи

To top