Образование

Потребни документи за запишување во прво одделение

Согласно Законот за основно образование, во текот на мај се врши запишување на децата во прво одделение за учебната 2026/2027 година.

Услови за запишување:

  • Деца родени во 2020 година (кои до крајот на 2026 година ќе наполнат 6 години).
  • Деца што ќе наполнат 6 години до 31 јануари 2027 година (по барање на родител и добиено мислење од стручната служба во училиштето).

Листа со потребни документи:

  1. Извод од матичната книга на родените (за детето).
  2. Лична карта од родителот/старателот (на увид).
  3. Потврда за примени задолжителни вакцини (издадена од надлежна здравствена установа).
  4. Потврда за извршен стоматолошки преглед.
  5. Потврда за извршен офталмолошки преглед.

За деца со тешкотии во развојот:

  • За децата со тешкотии во развојот, родителот е должен да достави и мислење (наод и процена) од стручното тело за меѓународна класификација на функционирањето (МКФ). Овој документ е потребен заради обезбедување соодветна образовна поддршка и приспособување на наставниот процес според потребите на детето.

Документите се доставуваат до основното училиште во реонот каде што живее детето. За точниот распоред на термини за разговор со стручната служба, родителите треба да се информираат во самото училиште.

Поврзани написи

To top