Образование

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

На само 9 години Алек има голема пасија кон науката, вселената и откривањето на светот. Тој е ученик во трето одделение и секојдневно ја негува својата љубопитност, не само преку училишните активности, туку и преку спортот – активно тренира кошарка.

Но, неговата приказна започнува многу порано. Уште на 3 години Алек бил фасциниран од видеа за вселената, особено од оние што ги споредуваат големините на планетите, ѕвездите и другите небесни тела. Токму тие први искри на интерес прераснале во вистинска љубов кон астрономијата. Денес, таа љубов добива нова форма преку неговиот јутјуб-канал „Детски авантури“, каде што Алек на едноставен, интересен и разбирлив начин ги објаснува научните теми за деца, но и за сите љубопитни гледачи.

Преку видеата тој зборува за планетите, вселенатa и науката, комбинирајќи факти, приказни и визуелни објаснувања што ја прават науката достапна и забавна. Неговата цел е да ја сподели својата страст и да ги поттикне и другите деца да поставуваат прашања, да истражуваат и да учат.

За каналот има поддршка од семејството – Алек го развива својот проект со помош на својот татко, со кого заедно ги осмислуваат темите, сценаријата и начинот на презентирање. Тие работат како тим, создавајќи содржина што е приспособена за различни возрасти и нивоа на разбирање.

„Детски авантури“ не е само канал, тоа е простор каде што љубопитноста се претвора во знаење, а учењето станува вистинска авантура. Во време кога децата се сè повеќе изложени на дигитални содржини, ваквите иницијативи покажуваат дека технологијата може да се искористи и како моќна алатка за образование, инспирација и развој. Алек е доказ дека љубовта кон науката нема возраст – и дека големите приказни понекогаш започнуваат со едно мало, детско зошто?“

Линк до каналот на Алек

Назад кон Месечината со Артемис мисиите


Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top