Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Македонија за учебната 2026/2027 година. Пријавувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока со две пријавувања – во месец јуни, на 12 и 23 јуни, и на 20 август 2026 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
Пред вашето дете е една од најважните одлуки во неговиот досегашен развој – изборот на средно училиште. Овој период често е исполнет со возбуда, но и со многу прашалници. Дали да се избере гимназија или стручно училиште? Каде најмногу ќе дојде до израз талентот на вашето дете?
Најдобро е да разговарате и да ги поттикнете самите да размислат за своите желби и вештини. За таа цел, подготвивме практичен работен лист за саморефлексија. Испечатете го овој лист, дајте му го на вашето дете и нека ги одговори прашањата. Неговите одговори ќе бидат одличен патоказ за вашата заедничка дискусија и конечната одлука.
