Здравје

Како да препознаете дека бебето не слуша добро?

За детето да научи да зборува, важно е да слуша добро, но проблемот е што бебињата не можат да кажат дека имаат проблем со слухот, па понекогаш поминува доста време пред родителите да сфатат дека детето не слуша добро.

Кога се бебињата во прашање, постојат некои знаци кои можат да им помогнат на родителите да забележат проблеми со слухот, кои понекогаш може да бидат предизвикани од нешто минливо и банално, како што е наталожен восок во увото.

Знаци дека детето не слуша добро

Обратете внимание ако забележите некои од следните знаци во однесувањето на детето.

Не реагира на гласни и изненадни звуци – Еден од најјасните знаци дека бебето има проблем со слухот е ако не се сврти или не покаже никаква реакција на гласен, неочекуван звук. Природно е бебињата да се исплашат или барем на некој начин да реагираат на гласни звуци, па ако таква реакција изостане, обрнете внимание на слухот на бебето.

Реагира само на звуци од непосредна близина – Ако бебето реагира само кога му се обраќате од непосредна близина, а не покажува никаква реакција кога ќе се оддалечите малку, можно е да не слуша добро. Децата што немаат проблеми со слухот обично реагираат на гласот на родителот дури и кога не го гледаат, туку само го слушаат.

Однесувањето зависи од визуелни знаци – Кога бебето е во вашите раце и е свртено со лицето во насока во која гледате, ќе ја сврти главата настрана ако му привлечете внимание со рацете или предмети. Ова значи дека повеќе се потпира на она што го гледа отколку на она што го слуша, што може да укажува на проблем со слухот.

Промени во „брборењето“ – Овој знак е многу важен бидејќи здравите деца не би требало да престанат да брборат, туку едноставно го менуваат образецот на брборење додека не научат да изговорат зборови. Ако бебето одеднаш престане да брбори, тоа може да укажува дека не ги слуша звуците околу себе.

Не реагира на познати лица – Кога некој познат ќе влезе во домот, бебето станува среќно и возбудено кога го гледа, а не кога го слуша. Важно е да бидете сигурни дека бебето реагира затоа што го препознава лицето, а не затоа што лицето прави гестови за да го забавува детето. Ако бебето реагира само кога гледа некого, а не кога го слуша како влегува, тоа може да укажува на проблеми со слухот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top