Воспитување

Модерни родителски трендови со кои не се согласуваат сите

Без разлика дали имате деца, планирате да имате или не сметате дека родителството е за вас, сите сме свесни за многуте „трендови“ во воспитувањето што предизвикуваат контроверзии. На „Редит“ неодамна беше отворена дискусија на тема „Со кои модерни родителски трендови не се согласувате?“, а одговорите беа искрени и различни.

Притисок за успех – Многу родители премногу ги нагласуваат спортот и образовните постигнувања. Децата треба да уживаат во активностите, а не да се чувствуваат како „машини за постигнување“. Ако детето е просечно, преголемите очекувања предизвикуваат разочарување.

Родителство во дигиталното време – Претераното споделување на животот на децата на социјалните мрежи, долгото време пред екрани и следењето на децата преку апликации може негативно да влијае врз развојот на социјалните вештини. Родителите мора да бидат пример и да покажат здрави навики.

Ограничувања и дисциплина – Родителството не значи да му се дозволи на детето сè. Важно е да се поставуваат граници, да се учат децата на манири и правилно однесување. „Нежното родителство“ е корисно, но дозволувањето сè без дисциплина (пермисивно родителство) може да му наштети на детето во иднина.

Природен развој и едноставност – Претерана грижа околу роденденски забави, скапа облека или прецизно уредување на детската соба може да го ограничат детството. Добро е детето понекогаш да се досадува и да развие креативност и независност.

Здрав однос родител-дете – Родителите треба да ги признаат своите грешки, да се извинат и да покажат добар пример. Позитивните вредности, љубезноста, одговорноста и емпатијата се основа за здрав развој и самостојност на детето.

Други проблеми

Некои ја критикуваат опсесијата со училишниот успеси кај малите деца, облекувањето на девојчињата како возрасни, следењето и контролата 24/7 и трендовите како „туѓите детски соби“ кои не ја земаат предвид потребата од боја и креативност.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top