Сосема е во ред што има мајки кои сакаат да бидат дома со своите деца, кои избираат да го сторат тоа, но од друга страна, исто така е во ред што има такви кои сакаат да се вратат на работа по одредено време од породувањето. Причините зошто жените се враќаат на работа кога ќе станат мајки се различни – од фактот што платата на сопругот не е доволна за целото семејство до личните мотиви – се чувствуваат позадоволни кога работат итн.
Жените што избираат да продолжат да работат откако ќе добијат деца обично го прават тоа од една од следниве причини:
Сакаат поголема финансиска независност
Факт е дека кога жената заработува своја плата, тоа ѝ дава нејзе и на нејзиното семејство одредена финансиска слобода. Не само што не мора да „бара“ пари од сопругот за сè што ѝ треба, туку има и можност да му овозможи на своето семејство повеќе отколку кога зависат само од една плата.
Жените се страсни за својата работа
Постојат многу причини зошто жените избираат да работат надвор од домот, а страста за работа е една од тие причини. Некои жени сметаат дека нивните работни места се неопходни, додека други уживаат во кариерата што ја избрале од други причини.
Одењето на работа им помага да бидат подобри мајки
Одењето на работа им помага на некои жени да го одржат својот идентитет надвор од мајчинството, што може да им помогне и да бидат подобри мајки на своите деца бидејќи самите се позадоволни.
Тие ја сметаат својата работа за важна
Некои жени, особено оние што избрале работни места кои се важни за јавното здравје или нешто слично, можат да чувствуваат голема гордост за работата што ја работат. Оние што директно им помагаат на другите преку својата работа може да имаат тешкотии да се откажат од своите кариери на долг рок.
Сакаат да го прават она за што биле обучени
Едноставно кажано, постојат жени кои се многу страсни за областа за која се образовани, кои се горди на себе што се образовани и сакаат да го применат стекнатото знаење во практика. И тоа чувство едноставно не исчезнува кога ќе станат мајки.
Одењето на работа им помага да се чувствуваат исполнето
Секако, мајчинството им го носи тоа чувство на исполнетост на повеќето жени. Сепак, одењето на работа нуди поинаков вид исполнување, кога се ангажирани во работа што ја сакаат, за која се вешти.
Го прехрануваат семејството
Покрај оние жени што навистина ја сакаат својата работа и сакаат да работат, има и такви кои немаат луксуз да изберат дали да се вратат на работа затоа што го издржуваат целото семејство.
Навикнати се да ги користат своите силни страни на работа
Жените што претпочитаат да одат на работа наместо да останат дома за да се грижат за децата може да го изберат тој пат затоа што сметаат дека нивните силни страни и доблести најдобро се користат во таа деловна средина. Некои жени навистина блескаат во корпоративниот свет и средина, други се креативни и сакаат да ги користат своите таленти во своите кариери.
Сакаат да бидат добар пример за децата
Мајките што одат на работа не го прават тоа секогаш само од потреба, туку и за да им дадат добар пример на своите деца – особено ако не сакаат да го пренесат стереотипот дека на жените местото им е во кујната.

Им треба одмор од секојдневните грижи на семејството
Секоја мајка го сака своето дете, нема сомнение во тоа. Сепак, со текот на времето, исцрпеноста и стресот од грижата за семејството 24/7 може да бидат премногу за некои жени кои сакаат да работат надвор од домот. Така, за некои мајки, одењето на работа станува можност ментално да се одморат од постојаната грижа за децата, а за некои, ова фокусирање на друг аспект од животот, покрај родителството, им помага да бидат подобри родители.
Работата има добар ефект врз нивниот однос со децата
Додека некои мајки што остануваат дома можеби не сфаќаат како работата надвор од домот може да го подобри нивниот однос со своите деца, за мајките што работат тоа може да направи огромна разлика. На некои од нив можеби им е полесно да се поврзат со своите деца по работниот ден. Враќањето дома и релаксирањето со најблиските може да ги зближи.