Игротека

Фотографија од Серена Вилијамс совршено го прикажува спојот на мајчинството и успешната кариера

Славната американска тенисерка Серена Вилијамс ужива во спортската пензија поминувајќи време со своите ќерки. Поранешната ѕвезда на тениските терени сега покажа како ужива во „белиот спорт“ со своето помало дете.

На нејзиниот инстаграм-профил Серена објави фотографија од својот тренинг со малата Адира во прегратка. Многумина заклучија дека тоа е совршен приказ на спојот помеѓу мајчинството и успешната професионална кариера.

– Никогаш не мислев дека ќе морам да го носам мојот партнер во двојки – напиша Серена под фотографијата.

Серена од 2017 година е во брак со познатиот бизнисмен Алексис Оханијан, а родители се на две ќерки: седумгодишната Олимпија и едногодишната Адира.

Извор

Поврзани написи

To top