Игротека

Контроверзно или сосема нормално? „Мама ќе се грижи за тебе без оглед на годините – ќе ти купи вечера, ќе ти наполни гориво…“

Иако повеќето од нас би направиле сè за своите деца, често по околу две децении велиме дека е време тие да се снаоѓаат сами, бидејќи веќе се возрасни.

Од моментот кога ќе се родат, па низ годините што следуваат ние правиме сè за нашите деца. На почеток им сме потребни буквално за сè, без нас не би можеле да преживеат. Подоцна им сме потребни на други начини, но сепак не можат целосно без нас. Како што се приближуваат до полнолетството, ни се чини дека им стануваме сè помалку потребни, а и ние често посакуваме да станат самостојни што е можно побрзо за да знаеме дека се подготвени да се справат со животот.

Каде е границата?

Сепак, многу родители остануваат посветени и покрај тоа што нивните деца се веќе млади возрасни, понекогаш дури и премногу, што може да го отежне процесот на осамостојување. Па, каде е таа граница што би ги задоволила и двете страни? Една мајка на нејзиниот профил на „Тик-ток“ го сподели својот став. Таа верува дека грижата за децата никогаш не треба да престане.

„Ќе се грижам за нив засекогаш“

Лоти Вивер на својот профил објави видео во кое отворено зборува за нешто што многу родители не би го кажале јавно. Таа има три ќерки и вели дека секогаш ќе биде тука за нив, дури и откако ќе го „напуштат гнездото“. Притоа, не мисли само дека можат да ѝ се јават или дека ќе им помогне финансиски. Таа оди чекор подалеку.

– Една работа што секогаш им ја велам на моите девојчиња и знам дека тоа е прилично контроверзно, е дека мама секогаш ќе се грижи за нив. Без разлика колку години имаат, мама секогаш ќе им купи вечера, ќе ги однесе на шопинг и ќе им го наполни резервоарот со гориво. Без оглед на годините – вели таа на видеото.

@lottie..weaver My babies FOREVER!! #momlife #motherhood #momsover30 #momof3 #viral #trending #fyp #girlmom #dayinmylife #lifestyle #momsoftiktok #daughter #momanddaughter #parenting #controversial ♬ original sound – ✨Lottie✨

Родителството нема рок

Како го оправдува овој пристап? Многу едноставно:

– Јас ве донесов на овој свет. Мојата работа е да се грижам за вас. Ако имате деца и ја прифатите таа одговорност, тогаш таа е доживотна – објаснува таа.

Според неа, родителството, и радоста што доаѓа со оваа улога, не престанува кога децата ќе заминат од дома, ќе основаат свое семејство или ќе станат финансиски независни. Таа ќе продолжи да биде тука за нив.

Иако се фокусира на ќерките, Лоти нагласува дека ова не е нешто што го резервира само за нив.

– Веројатно ќе бев иста и да имав синови, но немам. Имам само три ќерки. Тие секогаш ќе бидат мои мали девојчиња. Секогаш ќе се грижам за нив. Секогаш ќе одиме заедно на шопинг. Секогаш ќе ги средуваме ноктите, зошто да не? – вели таа.

Извор

Поврзани написи

To top