Воспитување

Зошто исландските деца растат во среќни луѓе

Дагни Рејклалин, блогерка и мајка на три деца, ја открива тајната како родителите на Исланд успеваат да одгледаат среќни и задоволни луѓе

Некои тврдат дека причини за тоа родителите на Исланд да успеват да одгледаат среќни и задоволни луѓе се нивната приспособливост, квалитетот на животот и чувството на припадност на заедницата.
Еве што за животот на врвот на Земјината топка раскажува 39-годишната Дагни, мајка на 3 деца, графички дизајнер и автор на блог. Таа со сопругот и децата живее во Акирејри, вториот град по големина на Исланд.

На врвот на листата со најсреќните народи

Неколку работи придонесуваат за тоа. На пример, училиштата не се приватни, туку државни, и многу се добри. Сите деца од соседството одат во истото училиште и меѓу нив нема разлики, сите се еднакви, без оглед на статусот. И тоа е многу важен фактор. Исто така, бидејќи сме мала земја, повеќето луѓе живеат во близина на своите роднини, па децата растат познавајќи ги сите членови на пошироката фамилија и можат да се потпрат на нив во секој момент.

Какви родители се Исланѓаните?

Главно се прилично опуштени. Многумина странци сметаат дека во нашите училишта недостига дисциплина, но повеќето наши деца за почитта не учат во строга средина, туку во онаа што им дава водство, што ги охрабрува и ги сака. Родителите ја искажуваат својата љубов така што ги бодрат и ги охрабруваат своите деца – ние тоа го викаме витамин H (буквата h го означува зборот hrós, што значи комплимент или пофалба), како и со прегратки и подароци – некои исландски деца дури имаат и премногу работи.

Деца спијат надвор во колички

Пред повеќе од 100 години куќите беа лошо градени и имаа слаба вентилација, па родителите добро ги облекуваа децата и ги оставаа да спијат надвор, на чист воздух. Иако повеќе нема потреба за тоа, оваа традиција продолжи до ден-денес.
Вообичаено е децата да спијат надвор, но секогаш на сигурно место и таму каде што родителите ќе можат постојано да ги гледаат. И моите деца, добро облечени и заштитени, во попладневните часови спиеја надвор. Не ги оставав надвор единствено кога температурите беа пониски или близу -10 степени, но за Исланд се карактеристични температури од 5 до 15 степени, дури и во текот на летото.

Кои се придобивките од спиењето надвор?

Свежиот и студен воздух од Арктикот носи многубројни придобивки за децата. Тие може подобро да спијат, од 3 до 5 часа, па кога ќе се разбудат, се одморени, а и на родителите им годи оваа практика. Кога бев на породилно отсуство, имав повеќе време за да ги завршам домашните обврски, па се чувствував послободна – можев да излезам да прошетам, да одам до продавница или до кафуле, оставајќи го детето, под моето будно око, да спие надворво количката.

Часовите по пливање за бебиња

На овие часови со задоволство присуствуваат многу родители со своите деца, уште од 3-месечна возраст. Сите бебиња уште од раѓање имаат инстинкт во вода да го задржат здивот. По неколку вежби веќе имаат научено да го задржат здивот штом ќе видат дека ги пикаме во вода. Така, многу долго пред да проодат, можат да научат дека треба да го задржат здивот и некако да се одржат на површината ако паднат во вода. За бебињата, пливањето има и други придобивки. Со пливањето им се зацврстуваат нивните тела и им помага да научат како да се однесуваат во поинаква средина, полна со предизвици. Пливањето најчесто вклучува игра, пеење и истражување на физичките карактеристики на водата, на пр., како се однесуваат играчките во поинаква средина, па детето учи дека и неговото тело поинаку се однесува во вода отколку надвор од неа. И најважното, пливањето со бебето придонесува за градење силна врска помеѓу родителот и детето.

Си играат сами, без постојан надзор

Повеќето родители веруваат дека децата мора слободно да си играат, без постојан надзор од родителите, но само во средина што е безбедна занив. Така, кога ќе порасне, детето знае што е безбедна средина и дека треба да реагира ако нешто е различно. Исто така, родителите веруваат дека децата сами треба да сфатат како функционираат некои работи, па затоа треба да си играат на земја или да научат како да се справат со снегот. Но, безбедната средина е услов за да му дозволитена детето да го истражува светот!

 

Поврзани написи

To top