Години наназад слушаме дека овесните снегулки се одличен избор за здрав појадок, но ново истражување покажува дека тоа не важи во сите случаи. Всушност, тие може да бидат причина да чувствувате глад еден до два часа по јадењето.

Едно интересно истражување јасно покажало како овесот влијае врз телото во споредба со други видови појадок. Научници од „Харвард“, предводени од професорот Дејвид Лудвиг, на група тинејџери им дале три различни оброци со ист број калории, но со различен состав: инстант овесни снегулки, интегрален овес и омлет.

По појадокот, учесниците останале во посебна просторија, додека лекарите редовно ја проверувале нивната крв и им дале можност да притиснат копче во моментот кога повторно ќе почувствуваат глад. Резултатите биле јасни: оние што јаделе овесни снегулки почувствувале глад многу порано отколку оние што појадувале омлет.

Зошто овесната каша предизвикува побрзо чувство на глад?

Проблемот е во тоа што овесните снегулки предизвикуваат нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта. Телото потоа ослободува големи количества инсулин за да го врати шеќерот во нормала, што резултира со брз пад и повторно чувство на глад. Дополнително, овој процес ослободува хормони на стрес, што ја отежнува контролата на апетитот и нивото на енергија во текот на денот.

Со други зборови, овесните снегулки првично даваат енергија, но многу брзо предизвикуваат „пад“, поради што брзо посегнувате по ужина.

Од друга страна, групата што јадела омлет, оброк богат со протеини и здрави масти, имала постабилно ниво на шеќер во крвта и подолго време чувствувала ситост. Дури и интегралниот, непреработен овес покажал слични резултати како инстант варијантата.

Дали тоа значи дека овесот не е здрав?

Не. Овесот останува добар избор поради тоа што изобилува со растителни влакна. Но, ако забележите дека често огладнувате уште во претпладневните часови и посегнувате по ужина, можеби е време да размислите за промена на појадокот.

Подобра опција може да биде оброк богат со протеини, како што се јајцата, за кои е докажано дека обезбедуваат подолготрајно чувство на ситост во споредба со овесните снегулки.

Извор



912

X