Воспитување

Вашите деца можат да имаат добар однос со бабите и дедовците иако вие не се согласувате со нив

Во последниве години многу возрасни деца преку социјалните мрежи откриле дека повеќе не комуницираат со своите родители. Но, помеѓу обожавањето на вашите родители и целосното прекинување на врската со нив постојат многу други начини како да се одвива врската. Можеби вие и вашите родители се сакате, но моментално имате различни ставови и верувања. Можеби вие и вашето семејство имате различни карактери.

Во овие случаи, сакате вашите деца да имаат однос со нивните баби и дедовци, дури и ако вашиот однос со нив понекогаш (или цело време) е затегнат.

Всушност, речиси и да нема луѓе кои имаат совршен однос со своите родители. Кога ќе ги вклучите бабите и дедовците, родителите и децата, секоја личност во врската носи сопствено воспитување, трауми, генерациски верувања и лични ставови, вели Стејси Деланоит, лиценциран психолог од Џексонвил, Флорида.

Накратко, природно е да постојат конфликти.

Ако постои тензија меѓу вас и бабите и дедовците на вашите деца, еве како можете да ја одржувате врската меѓу нив силна, дури и ако вашата е нестабилна. Дополнително, Деланоит објаснува дека понекогаш врската без контакт е во најдобар интерес на вашите деца.

Како да ги поддржите децата да ги сакаат своите баби и дедовци, дури и ако вие не ги сакате

За почеток, не зборувајте негативно за бабите и дедовците пред вашите деца. Сите овие и други совети за родителство се корисни алатки кога ја разбирате оваа динамика, па им дозволувате на вашите деца целосно да уживаат во нивните баби и дедовци, дури и ако вие самите не сте најголемите обожаватели.

-Добро би било да има отворена комуникација и способност да зборуваме за тоа како се чувствуваме. За жал, многу од тоа зависи од способноста на личноста да толерира непријатни разговори, како и способноста да се земе перспективата на другата личност – вели Деланоит.

Тоа ве вклучува и вас, наведува таа. Кога вашите родители или свекор или свекрва ќе направат нешто што ве нервира, застанете и размислете за нивната намера наместо за чинот.

-Ако свекрвата дојде дома и дава неважни забелешки за состојбата на куќата, тогаш мајката се чувствува критикувана. Свекрвата не се буди тоа утро со намера да ја натера снаата да се чувствува страшно, но дали тоа го направила? Мајката (твојата или на твојот партнер) се грижи и сака да биде родител – вели Деланоит.

Додава дека тоа понекогаш може да доведе до досадување и делење лекции – нешто што можеби не ви е потребно и не ви се допаѓа. Сè додека намерите се добри, можете да работите на промена на влијанието на кажаното.

-Кога ќе го кажат тоа за мојата куќа, би можела да кажам: „Се чувствувам многу лошо кога даваш коментари за мојот дом. Она што ми треба за да напредувам е да почувствувам дека моите напори се препознаени, а можеби дури и помогнати.

И ако можете да се справите со вашите родители или свекор и свекрва само во мали дози, не затоа што прават нешто погрешно, туку затоа што едноставно сте многу различни, тоа е во ред.

-Ако бабите доаѓаат кај вас и можете да бидете со нив само 20 минути, дружете се и кажете: „Ова е одлична можност да се поврзете со бебето. Зошто не го однесете на прошетка или да си играте или да читате книги со него?“ Па вие може да се истуширате за тоа време или да одете на прошетка или во продавница. Сите знаеме дека мајките навистина се борат да ги задоволат своите потреби – предложила таа.

Кога треба да ги разделите вашите родители од детето?

-Секогаш кога има злоупотреба, занемарување или ако нивната безбедност е потенцијално загрозена, веднаш прекинете ги контактите. Само затоа што некој е од вашето семејство не значи дека ќе добие пристап до вас. Значи, не е важно дали е вашата мајка, татко, сестра и слично во прашање, тоа не значи дека тие имаат неограничен пристап – истакнала Деланоит.

Истото важи и за емоционална злоупотреба и занемарувањето, кое не мора да биде физичко.

Што е со помалку очигледните сценарија?

Нема два исти односи родител-дете, така што нема универзални совети или правила. Сепак, Деланоит истакнува дека ако бабите и дедовците не можат да покажат емпатија, или да ѝ обрнат внимание на вашата перспектива, тоа е исто така предупредувачки знак.

-Ако некој не може да ги види работите од ваша перспектива или да ги земе предвид, или не сака да прифати одговорност за своето однесување, навистина нема многу што можете да направите – истакнала таа.

За жал, не сите семејни односи можат да бидат лесни. Во ред е сѐ додека вие и вашите деца добивате повеќе радост отколку стрес од нивниот однос со нивните баби и дедовци.

Автор: Ана Дукиќ

Извор

Поврзани написи

To top