Триесет и осумгодишната Шарлот Дан не можела да најде партнер за среќно да го помине остатокот од својот живот, но знаела дека сака дете, дури и по цена да биде самохрана мајка. И токму тоа го направила.

Таа потрошила околу 24.000 евра за да го реализира својот сон и да стане мајка и покрај тоа што сама морала да помине низ целиот тој процес.

Откако нејзиното наследство и заштедата ги насочила за процедура на медицински потпомогнато оплодување, таа ја родила ќерката Теа. Поминала низ четири циклуси на оплодување. По вториот обид за инсеминација, таа останала бремена во ноември 2023 година.

Бројот на самохрани мајки во Велика Британија кои биле подложени на третман за плодност се зголеми за повеќе од трипати во последната деценија. Шарлот е воодушевена од нејзината ќерка.

– Таа е прекрасно бебе. Заштедата и наследството од баба ми и дедо ми ги вложив во асистирана продукција и се исплати бидејќи си го остварив сонот. Отсекогаш го имав тој мајчински инстинкт и знаев дека сакам да бидам мајка. Мајка ми целосно ме поддржа. Така, во мај 2022 година таа ја контактираше клиниката за неплодност „Криејт“ – раскажува Шарлот.

По серија тестови на Шарлот ѝ биле откриени цисти на десниот јајчник, па поради ова морала да оди на операција. Потоа почнало асистираното оплодување кое се покажало неуспешно поради тоа што повторно имала цисти, па требало пак да се прави операција.

Лекарите извадиле седум јајце-клетки и ги оплодиле. Три од јајце-клетките биле остварливи ембриони што значело дека можат да се вградат во нејзината матка. Имплантацијата на првиот ембрион била неуспешна, но по имплантацијата на вториот, Шарлот дознала дека е бремена.

Извор



912

X