Научниците дојдоа до ново откритие – малите бебиња чувствуваат поинтензивна болка од возрасните.
Универзитетот „Оксфорд“ спроведе големо истражување во кое научниците докажале дека не само што новородените бебиња чувствуваат болка како и возрасните туку ја чувствуваат и поинтензивно. Научниците користеле магнетна разонанција за да ги следат активните области за болка во мозокот на бебињата и на возрасните.
– До неодамна се мислеше дека не може да се проучи болката на бебето со овој метод бидејќи бебињата не можат да лежат мирни за време на скенирањето – вели д-р Ребека Слатер од Универзитетот „Оксфорд“.
Истражувачите нагласуваат дека ако на таква процедура не ги подложуваме поголемите деца или возрасните без анестезија, истото важи и за новороденчињата.
912