Секој родител се надева дека неговото дете ја има таа мала доза на генијалност во себе, нешто што го издвојува на уникатен начин и го прави вистински мал гениј. Звучи прекрасно, нели? Сепак, родителите на малите гении би рекле дека тоа воопшто не е лесна задача или работа.
Исто така, генијалноста не секогаш значи исто. Не секој гениј ќе почне да компонира музика на петгодишна возраст или да решава сложени математички задачи во прво одделение. Постојат посуптилни знаци кои може да сугерираат дека вашето дете е надарено.
Одредени однесувања може да укажуваат на напредни когнитивни способности, натпросечна креативност или емоционален увид над нечии години. Ова се седум однесувања кои би можеле да покажат дека вашето дете е гениј.
Бескрајна љубопитност
Понекогаш само бескрајната љубопитност е показател за надареност. Ајнштајн еднаш рекол: „Немам посебни таленти. Јас сум само страсно љубопитен“. Љубопитноста е вродена кај децата, но кај надарените деца е на повисоко ниво. Кај нив тоа е ненаситна љубопитност која се манифестира преку многу прашања. И тие не бараат само одговор, туку сакаат да знаат како и зошто работите функционираат онака како што функционираат. Да, понекогаш не е лесно да се одговори прашање по прашање, но запомнете дека прашањата ги поставува извонреден ум. Охрабрете го детето да продолжи да поставува прашања, да размислува и да понуди дополнителни можности за да ги истражува темите што ги сака.
Извонредна меморија
Понекогаш децата едноставно ве изненадуваат со нивната меморија. Го знаете она чувство кога ќе ви каже една година подоцна: „Па, таму ја најдов таа голема црвена бубачка од која се плашеше сестра ми, па ја префрлив на лист“. Генијалните деца често имаат необична способност да запомнат детали. Повеќето луѓе би заборавиле. Можат да се сетат на одредени настани, луѓе или искуства со цела низа детали. Тоа не е само вообичаено меморирање, како за тест, туку поврзување на различни аспекти.
Тие се немотивирани на училиште
Да, тоа е точно. Но, за надарените деца, училницата може да биде непотребно ограничување. Иако можеби им поставуваат бескрајни прашања на своите родители и на другите, тие може да изгледаат незаинтересирани или дури и немотивирани на училиште. Едноставно кажано – училиштето може да им биде досадно. Единственото нешто што можете да го направите е да го пополните времето на вашето дете со воннаставни активности, или ресурси кои одговараат на темпото на детето.
Емоционална длабочина
Ако детето покажува необично ниво на емпатија или грижа за другите, ако е погодено од теми кои тешко би можеле да им го привлечат вниманието на неговите врсници, можно е неговата емоционална интелигенција да е повисока. Оваа емоционална длабочина е особина што експертите ја препознаваат како белег на надареноста и може да ги наведе да размислуваат за прашања како што се правичност, неправда или дури и сложени етички прашања, кои повеќето деца на нивна возраст можеби сè уште не ги земаат предвид. Иако ова може да биде убава особина, често е тешко и за детето и за родителот.
Многу брзо ги сфаќаат работите
Ова е очекувано. Додека на другите деца можеби им треба повеќе обиди или вежбање, надарените деца можат да изненадат со брзо разбирање – читање, играње, разбирање сложени идеи. Затоа, не е само учењето што од нив го бара училиштето и програмата, туку тоа се манифестира и во хоби, спортување или дружење.
Фасцинација со обрасци
Понекогаш тоа е распоредување на играчките по одреден редослед, понекогаш забележување шари на ткаенина или забележување на ритамот во песната, но децата кои се потенцијални гении често се фасцинирани од шарите. Тие го гледаат светот како голема загатка, исполнета со обрасци и секвенции кои чекаат да бидат откриени. Оваа способност за набљудување, препознавање и предвидување на обрасците е тесно поврзана со математичкото и логичкото размислување.
Независно размислување
Ова е веројатно најочигледниот знак дека воспитувате гениј – независно размислување. Генијалните деца често размислуваат надвор од рамката, ги доведуваат во прашање нормите, играат по сопствени правила, смислуваат креативни решенија. Покрај тоа, тие не се плашат да ги изразат своите уникатни мисли и идеи. Ако вашето дете е такво, ценете го тоа.
Автор: Наташа Крстичевиќ
912