Дали во бременоста треба да се јаде за двајца? Што е хидратација и зошто е важна во бременоста? Кои се предностите и предизвиците на различните начини на породување? Како да знаете дали бебето е сито? А што ако не можете да го доите своето бебе? Ова се само дел од прашањата што се опфатени во онлајн школата за родителство, општествено одговорен проект зад кој стои водата Rosa.

Опфатени се гинеколошки и педијатриски теми, теми поврзани со исхраната на бремените жени и хидратацијата во бременоста, доење, како и психолошкиот аспект на родителството. Во школата зборуваат гинекологот д-р Митко Ивановски од клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Марина Поп-Лазарова – неонатолог-педијатар во приватната општа болница „Ре-Медика“, Наташа Цветановска-Тодосовска – сертифициран специјалист за доење, нутриционистката Емилија Спасовска-Мојсовска и психологот Благица Ваниќ.

Периодот на бременоста, како и првиот период по раѓањето на бебето е исполнет со многу предизвици за новите родители. Идејата зад овој проект е да им се овозможи да се едуцираат и на едно место и од прва рака да добијат одговори барем на дел од овие прашања.

– Роса како бренд отсекогаш ги поддржува младите родители, особено мајките, преку различни општествено одговорни проекти. Сметаме дека имаше потреба да им се овозможи на младите и идните родители во секое време да имаат пристап до содржини преку кои експертите од областа со својата стручност ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците на родителството – вели Марина Трајковиќ, бренд-менаџерка за Rosa.

Првиот серијал од 10 видеа веќе е достапен на веб-страницата на Rosa.

(Комерцијална објава)



912

X