Без оглед на тоа каков карактер има вашето дете и без разлика на тоа како вообичаено се однесува и како вие се однесувате со него, попладневните или вечерните часови по враќањето од училиште може да бидат многу хаотични и бурни. Сите ученици се малку чувствителни кога се враќаат од училиште, раздразливи, лути…Одвреме-навреме ви доаѓа да ги прашате: „Па, што ви прават во тоа училиште?!“

Но, причината за ваквото однесување е малку поинаква… Откако ќе го поминете цел ден или поголем дел од денот на училиште, каде што сè се сведува на „направи го ова, реши го тоа, не можеш ова или она“, сè уште кревките суштества доаѓаат на безбедно место, во својот дом, каде што можат да покажат како биле погодени од сето она низ што поминале во текот на денот.

Им треба простор за, како што велиме, декомпресија. Татко и водител на поткаст за родителство споделил одличен трик за тоа како да ги регулираме емоциите на нашите деца по долгиот ден на училиште.

Дополнително, толку убаво покажал како и зошто работите функционираат така како што функционираат, особено кога се работи со деца со, да речеме, АДХД.

-Многу од вас имаат тврдоглави, невродивергентни АДХД деца кои се ментално, емоционално и социјално исцрпени од училиште, веројатно веќе околу пладне или до 14 часот. Секој ден. Зошто? Затоа што на училиште сè е надвор од нивна контрола. Тие навистина не контролираат што прават, каде одат, каде седат, туку други луѓе им кажуваат што да прават цел ден. И кој го сака тоа? Кога нашите деца ќе се вратат од училиште, треба да се бориме против секој нагон да им поставуваме прашања и да им се наметнуваме за нивните домашни задачи. Наместо тоа, треба да им дадеме чувство на контрола. Значи, кога ќе дојдат дома, наместо да скокате веднаш со прашања и работи, дајте им на вашите деца нешто што им дава чувство како да го контролираат. Некогаш ги правевме оние попладневни кампови за децата, и тие доаѓаа, и навистина ми заповедаа. И така, мојата прва реакција беше: „Па, ти си мало човече што сака да командува“.

@thecalmparentingpodcast

♬ original sound – Calm Parenting Podcast

Па јас би му рекол: „Знаеш што? Во подрумот има скршена метла. Мислиш дека можеш да најдеш селотејп и да ја поправиш?“ Можеа да ја поправат. Можеа да го сторат тоа. Дајте им работи што можат да ги организираат. Можат да сортираат. За вашите деца тоа е многу, многу пријатно. Дајте им работа за возрасни, а не задача. Одете надвор да барате богатство. Кажете им: „Се обложувам дека не можеш да го најдеш ова“ или „Скрив нешто во дворот“. Така ќе бидат на свеж воздух. Сите овие работи се навистина одлични за вашите деца по училиште бидејќи само тоа ги смирува. Тоа е убав вовед во попладневните и вечерните часови – заклучил тој.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X