Родителите мора да внимаваат колку време поминуваат нивните деца пред екраните. Според некои статистики, 85 отсто од учениците се кратковиди. Водичот на групата „Инфовач“, д-р Наталија Касперскаја, вели дека мобилните се дизајнирани да им го привлечат вниманието на корисниците.
-Видеоигрите се намерно дизајнирани да создаваат зависност. Тешко е да ги спуштите уредите и да се оддалечите од телефонот. Истиот принцип важи и за вестите, социјалните мрежи и така натаму – вели таа.
Додава дека ова не е единственото штетно дејство на екранот.
-Седентарен начин на живот води до сколиоза и физичка неактивност. Постојаната комуникација преку уреди го зголемува бројот на случаи на асоцијално однесување – забележува таа.
Според експертите, родителите треба да се договорат со своите деца за временските ограничувања за користење на паметните телефони. Во никој случај не се советува целосно да се забранат, туку да се објасни зошто тие се штетни и какви ризици носи нивната прекумерна употреба.
За потсетување, Шведската агенција за јавно здравје неодамна издаде препорака децата на возраст под две години воопшто да не користат мобилни телефони и други дигитални уреди. Строгата мерка произлегува од зголемената загриженост за долгорочните ефекти што технологијата може да ги има врз малите деца.
912