Секој родител ќе се согласи дека давањето лекови на мало дете е прилично незгодна и тешка задача. Кога се болни, децата тешко соработуваат, а веста дека е време за сируп во повеќето случаи нема да ја прифатат добро.

Според истражување од 2017 година, откриено е дека родителите им даваат лекови на децата на три начини: некои го прават тоа преку игра или убедување, други со сила, а трети го камуфлираат лекот во храната или му го даваат на детето додека спие или на друг начин му го одвлекуваат вниманието.

Оваа последна група ја вклучува Меги Лим, мајка која ги испробала сите методи на давање на лекот, а потоа го нашла единствениот ефикасен начин.

– Кога ќерка ми беше мала, не прифаќаше лекови, но со текот на годините стана прилично тешка – вели Лим.

Кога забележала дека нејзината ќерка е заинтересирана за лименки со сок, таа добила идеја. Лекот го ставила на површината на самата лименка, а девојчето со задоволство го испило.

– Важно е лименката добро да се измие пред да му се даде на детето. Исто така, секогаш прво ја пробувам традиционалната метода на давање лек со лажица или шприц, а ако не успее, тогаш го користам овој метод – вели таа.

@mxggsiie I mean .. we tried all ways but it just didnt work so BIG Thankyou @POKKASG 😂 one can but dual use HAHA #babiesoftiktok ♬ Funny – Gold-Tiger

Извор



912

X