Кристина Озтурк е блогерка во брак со 32 години постар сопруг милионер на која сурогат-мајки ѝ родиле 21 дете, а самата вели дека би сакала да има семејство со 105 деца.

Таа има само 26 години, но веќе е мајка на дури 22 деца, од кои 21 се родени од сурогат-мајки. Таа е блогерка која објавува преку профилот „batumi_mama“, а само нејзиниот инстаграм-профил има близу 260 илјади следбеници. Родена е во Русија и е омажена за Галип, богат милионер.

@batumi_mama #батумимама #семьяОзтюрк #многомама #семья #малыши ♬ оригинальный звук – batumi_mama

Нејзиното најстаро дете, осумгодишната ќерка Викторија, е зачнато природно со партнер од претходната врска, додека остатокот од огромното семејство го сочинуваат претежно бебиња. Кристина неодамна остана сама со нив бидејќи Галип беше осуден на 8 години затвор за наводна измама и беше уапсен во мај и однесен во затвор. Така, таа моментално сама се грижи за нејзиното семејство.

И покрај критиките за „купување“ деца, Кристина, која живее во Грузија, не планира наскоро да престане да го шири своето семејство. Имено, таа веќе претходно најави дека планира да достигне троцифрена бројка кога е во прашање бројот на деца. За среќа, Кристина има армија од 16 дадилки кои ѝ помагаат додека нејзиниот сопруг поминува време зад решетки.

Тие првпат се сретнаа во еден клуб во Москва и оттогаш почнаа да живеат заедно во трикатна куќа во Батуми, Грузија. Кристина уште во февруари минатата година, откако на сурогат-мајките им плати 168.290 евра, ја објави книгата „Бебешкиот дневник“, во која зборува за искуствата со мајчинството.

– Се чини дека сè за воспитувањето на децата е веќе напишано, но секој родител секојдневно бара нови корисни информации за на своите деца да им го понуди најдоброто. Јас не сум исклучок. Како мајка на 22 деца, можам со сигурност да кажам дека не постои такво нешто како премногу информации: секогаш можете да најдете нешто ново и корисно за себе. Затоа, откако прочитав десетици, па и стотици статии, книги, вебинари и обуки, решив да напишам своја книга во која ќе бидат собрани и структурирани сите најважни информации за младите родители – приказни.

@batumi_mama

♬ оригинальный звук – batumi_mama

– Многумина од вас забележаа дека ми е сè потешко да ги одржувам социјалните медиуми. Тешко е да се зборува за некои работи поврзани со куќата или за малите радости што ги доживувам со децата, кога сите мисли ми се далеку, а јас сум зафатена само со чекање на мојот сопруг да се врати дома. Сигурна сум дека тој ден ќе дојде наскоро. Во меѓувреме само сакам да им се заблагодарам на сите за убавите зборови и поддршката – напиша таа неодамна.

Инаку, Кристина и Галип претходно открија дека нивните дадилки работат на постојан распоред од четири дена во неделата, со два слободни дена, а живеат во спалните соби во близина на децата. Огромната палата во која живеат има и кујна каде што дадилките можат да нарачаат храна.

Извор



912

X