Мајката Лана Марфи ја снимила првата прошетка на својата ќерка во чевли, по само неколку дена откако ги направила првите чекори. Оваа мајка го снимила моментот кога таткото се оттргнува од својата ќерка, а потоа таа се обидела да побрза по него, но паднала.
Лана ја снимила целата ситуација и во описот напишала:
-Оваа недела почна да оди. Можеби избрзавме со чевлите.
Откако било објавено на „Тик-ток“, видеото е прегледано речиси два милиони пати.