Да се има новороденче е навистина голема работа. А пак со близнаци работите се двојно потешки. Тоа е двојна среќа, но и двојни задачи кои ги очекуваат новите родители. И во породилиште не е поинаку – двојна среќа, и двојни задачи и работа. И едно породилиште во Охајо неодамна искуси како е да се има 7 пара близнаци. Седум!
Персоналот на Одделението за неонатална интензивна нега во болница во Охајо има многу работа со оглед на тоа што во седум дена таму се родија седум пара близнаци.
Во фејсбук-објава болницата „Хилкрест“ на клиниката Кливленд во Мејфилд Хајтс напиша дека постнаталниот персонал на болницата бил многу зафатен поради големиот број близнаци родени во текот на изминатата недела.
– Почувствувавме двојна љубов грижејќи се за 7 пара новородени близнаци во исто време. Некои родители ги дочекаа своите први бебиња, додека други како Џејсон и Кара го проширија своето сега седумчлено семејство – напиша болницата во објавата.
– Често пати велиме: „Тоа не е двојна работа, тоа е двојна забава“ – велат медицинските сестри од неонаталното одделение.
912