„Типичен тинејџер“. „Пубертетот го тресе“. „Типично однесување на тинејџер“.

Тоа се фрази кои често ги користиме за да го опишеме со неколку збора однесувањето на нашите деца во периодот на адолесценција. И ретко кога тие фрази се однесуваат на нешто добро и убаво. Ако се нерасположени, намуртени, лути, затворени, ако не сакаат да разговараат со нас, доцнат секаде и превртуваат со очите, нашето главно објаснување е дека тие се едноставно тинејџери.

Но, дали се? Или толку се навикнавме на идејата дека адолесцентите треба да пркосат, да се некомуникативни, што повеќе не се обидуваме да разбереме што всушност им се случува и зошто се различни?

„Типичното однесување на тинејџерите“ често е синоним за „проблематично однесување на тинејџерите“.

Земете го примерот на шеснаесетгодишно девојче, ќе ја викаме Сара, и нејзината мајка. Сара повеќе од дваесет дена нерасположена се враќа од училиште. Како да бара причина за кавга, таа ѝ вика на помалата сестра и за најмала работа. Инаку, таа е ведра и весела девојка. Нејзината мајка го припишува ова однесување на тоа што е тинејџерка. Затоа има многу малку трпение за неа и едноставно чека да помине таа „фаза“.

Но, она што мајката на Сара не го знае е дека нејзината ќерка цело време ја задеваат и ја озборуваат нејзините другари на училиште. Замислете само колку поинаку би постапила нејзината мајка кога би знаела што се крие зад однесувањето на Сара? Затоа што нема секое дете веднаш да дојде и да ѝ каже на мајка си што го мачи. Дури и ако мислите дека имате одлична и отворена врска. Понекогаш се срамат, понекогаш се плашат дека ќе им судите на нивните пријатели со кои, без разлика на сѐ, сакаат да ја зачуваат врската.

А што можеше да направи поинаку мајката на Сара?

Па, на пример, таа можеше да се обиде да ги погледне работите малку пошироко. Да ѝ пристапи на Сара со разбирање, колку и да ѝ изгледаше неприфатливо нејзиното однесување. Не да инсистира, туку да ѝ отвори простор на ќерката за да ѝ каже што ја мачи. Можеше да одолее и на искушението да го оправда однесувањето на Сара кон сестра си со пубертетот и сепак да ја замоли да не биде груба кон неа. Многу, многу лошо однесување на тинејџерите се пренесува под мотото „типичен тинејџер“ и никогаш не се решава, а како резултат на тоа, младите луѓе ги носат таквите комуникациски обрасци во нивната зрелост.

Многу возрасни луѓе веруваат дека младите стануваат груби и тешко се комуницира со нив едноставно затоа што се во пубертет, но вистината е дека тие стануваат такви затоа што ние им го дозволуваме тоа. Кога не успеваме да ја видиме разликата помеѓу тинејџер и тинејџер кој се однесува лошо, оставаме простор за непочитување, пркос, недостиг на комуникација, што наскоро некако ќе стане сосема нормална работа наместо да биде црвено знаме.

И ние сме одговорни

Гледајќи ги нашите деца низ призмата на тинејџерските стереотипи, ние всушност си ја намалуваме вредноста и себеси. А всушност, има огромен број тинејџери со сериозен капацитет да бидат одговорни, срдечни, доверливи, што не успеваме да го видиме со препуштање на идејата дека пубертетот едноставно мора да биде пекол.

Кога ќе се земат предвид сите наши предрасуди кон нив, тинејџерите, бидејќи се многу паметни суштества, стануваат многу добри во нивното искористување, правејќи ги нивните родители и наставници да се чувствуваат практично беспомошни. Но, тоа не значи дека не можеме да одговориме на сето тоа со искреност и одлучност да не ја занемариме комуникацијата со нашите деца.

Понудете им го најдоброто од себе на вашите тинејџери. Започнете прво со тоа што секогаш ќе им одговарате велејќи: „Сакам да имам подобар однос со тебе и подготвен сум да се преиспитам себеси и да ги променам работите што ја уништуваат нашата врска“.

Пробајте. Изгледот на лицето на вашиот тинејџер ќе ви каже сè.

Извор



912

X