Многу родители се збунети кога треба да одат на прошетка со своето новороденче првпат. Педијатрите откриваат дали треба да се држат до традицијата.
Имено, во многу земји постои традиција детето да оди на прошетка со родителите по 40 дена од раѓањето. Овој временски период всушност им е потребен на мајките на кои им требало подолго време да закрепнат од породувањето, па не излегувале од дома.
Лекарите наведуваат дека не мора да го следите овој совет. Доколку се чувствувате добро и сте одморени, слободно можете да излезете со вашето малечко.
Тие препорачуваат примена на принципот на постепено зголемување на времето на пешачење. Тоа значи дека првата прошетка со бебето треба да трае 10 минути.
Секоја наредна прошетка треба да трае пет минути подолго од претходната. Во првиот месец или два на бебето, прошетките треба да траат најмногу час или два.
Секако, треба да внимавате бебето да биде нахрането и облечено според временските услови. Во текот на летните месеци внимавајте да не изгори на сонце.
912