Децата се дружат во градинка, училиште, на игралиште, на активности… Сепак, ништо од тоа не може да ја замени играта „еден на еден“ или тимската игра во нечиј дом. Децата сакаат да ги посетуваат своите пријатели, да видат каде живеат, каква е нивната соба, какви играчки, книги, филмови или игри имаат. Сакаат да ручаат кај пријател или да изедат некој сендвич. Нема некоја посебна причина за ова, освен што тоа им помага да ги запознаат пријателите на друг начин, а тоа го гледаат со вистински детски очи.

Кога велиме дека децата сакаат да гледаат каква е собата или станот на нивниот пријател, тоа го мислиме буквално: тие сакаат да гледаат и да дознаат. И тоа не на тој начин каков што ние како родители го мислиме. Не, децата не гледаат прашина, не гледаат дотраен мебел, не знаат дали станот е модерен или стар, не им е гајле дали станот е грандиозен или новоизграден. Но, сепак, без разлика на сè, ние возрасните се грижиме за тоа. Особено мајките.

И секогаш мислиме дека нашиот дом не е доволно добар. Една мајка го признала тоа и во видеото објаснила зошто на нејзините синови никогаш нема да им дојдат другарите на гости. Мајката има профил наречен „@youcan3250“ и на оваа тема вели дека едноставно не може да ги пушти другарите на нејзините деца кај нив дома бидејќи нејзиниот дом не е убав како кај другите луѓе. Оваа мајка ги искажала своите емоции во видеото и искрено рекла:

-Нешто што ме прави толку тажна како мајка е фактот што моите деца никогаш, никогаш нема да можат да ги донесат своите другари да играат во нашата куќа затоа што се срамам и тие се срамат од местото каде што живеат.

Мајката објаснила дека очигледните класни разлики меѓу нејзиното семејство и школските другари на нејзините деца ја натерале да се чувствува несигурна и засрамена – како да не прави доволно за да ги обезбеди своите деца онака како што сака.

-Моите деца одат во одреден вид училиште и сите нивни другари живеат во убави населби, убави домови. И не можам да им го дадам тоа на моите деца. Така што ова ме прави да се чувствувам како апсолутно ужасна мајка.

Вината – тоа е тој подол, мал глас што може да ви уништи сè, а уште полошо е затоа што идејата дека мајките треба да бидат суперхерои, способни лесно да се грижат за сите потреби на нивните семејства – е апсолутно насекаде околу нас. Ако ова верување нѐ совлада, ќе се чувствуваме како никогаш да не правиме доволно за нашето семејство, за нашите деца.

Во своето видео, оваа мајка раскажува за друга мајка од класот на нејзиното дете која побарала децата да си играат, а нејзиното дете побарало другарчето да дојде во нивната куќа. Мајката рекла дека наместо тоа, би можеле да се сретнат во паркот, бидејќи многу се срамела од тоа каде живее таа и нејзиното семејство.

@youcan3250 I wish I could give them so much more ❤️ #motherhood #healing #keepgoing #fyp #trailer #playdate #home #embarrassing #narcissist #toxicrelationship #mentalhealthmatters #trama #yournotalone #foryoupage ♬ original sound – YOUCAN

-Многу ме растажува ова затоа што моите деца одат во христијанско приватно училиште и сите нивни пријатели живеат во одредени видови населби, а ние живееме во парк за приколки. Сè уште можеме да се договориме да играме надвор, но тие деца никогаш нема да можат да дојдат во нашиот дом бидејќи тоа е срамно – продолжила таа.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X