Со нивната уникатна смисла за хумор, татковците се секогаш подготвени за авантури и незаборавни моменти за забава со семејството. Пример за таков уникатен хумор покажал таткото Роб Лопез. На својот канал на „Јутјуб“ тој споделил како на забавен начин го разбудил својот двегодишен син Себастијан – носејќи костим на Дарт Вејдер.

Зел меч кој свети и тргнал во акција, веројатно не очекувајќи ја реакцијата на синот. Откако го забележал, Себастијан набрзина го грабнал неговиот светлосен меч, кој го чувал покрај креветот и играта започнала. Но, тоа не е крајот. Можеби највпечатлив дел е моментот кога момчето му ја подава книгата на својот татко и бара од него да му ја прочита приказната.

Едно лице коментирало:

-Дарт Вејдер беше победен од двегодишно дете – ова е премногу добро,

Извор



912

X