Децата што покажувале агресивно однесување на училиште, како насилниците и оние со „краток фитил“, имале поголеми шанси да заработат повеќе во средната возраст, но и да завршат в затвор – ова е заклучокот од петдецениското истражување.

Во истражувањето, научниците користеле податоци од речиси 7.000 луѓе родени во 70-тите години. Тие ги анализирале податоците и мислењата на училишните наставници кои ги оценувале социјалните и емоционалните вештини на децата кога имале 10 години, а потоа ги споредиле со нивните моментални животни позиции во 2016 година кога имале 46 години.

– Откривме дека оние деца за кои наставниците оценија дека имаат проблеми со вниманието, односите со врсниците и емоционалната нестабилност, подоцна заработувале помалку во животот. Сепак, бевме изненадени кога откривме силна врска помеѓу агресивното однесување на училиште и подобрата заработка во текот на животот – вели професорката Емилија дел Боно, автор на студијата.

Училниците се места за натпревар и децата користат агресија за да победат.

– Тие подоцна го носат ова однесување на работното место каде што продолжуваат агресивно да се натпреваруваат за подобро платени работни места. Можеби треба да го преиспитаме дисциплинирањето во училиштата и да ја канализираме оваа карактеристика кај децата на попозитивен начин – рече Дел Боно.

Заедно со нејзините колеги Бен Етериџ и Пол Гарсија, Дел Боно ги користела одговорите на наставниците на повеќе од 60 прашања поврзани со однесувањето на секое дете.

Колку повеќе наставниците забележувале проблеми во однесувањето – како што се агресивна природа, малтретирање или задевање други деца, толку поголеми биле шансите овие деца да бидат на подобри позиции и да заработат повеќе во 2016 година.

Од друга страна, оние деца со помал распон на внимание, кои имале проблеми со завршувањето на задачите, емоционални проблеми и кои наставниците ги опишувале како „загрижени“ или „анксиозни“, заработувале помалку од нивните врсници подоцна во животот.

Понатамошните анализи покажаа дека до 16-годишна возраст, „проблематичните“ деца биле посоцијални и со поголема веројатност да почнат да пушат и да завршат в затвор во одреден момент.

Дел Боно истакнува дека очекувањата за однесувањето на децата се смениле од 80-тите и дека многу учесници во истражувањето се откажале или не го виделе крајот на истражувањето, што е секогаш фактор со овој вид долгорочно истражување.

Извор



912

X