Иако ретко, повеќекратните бремености се нешто за што лекарите интензивно се подготвуваат во текот на нивната кариера. Освен тоа, кога родителите ќе дознаат дека ќе имаат повеќе деца одеднаш, како близнаци, тројки или четворки, често се изненадени и совладани со комбинација на среќа и шок. Токму така реагирала мајката Кајла Мари Карило.
Таа неодамна на „Тик-ток“ објави видео каде што можеме да видиме како лежи на болнички кревет додека медицинско лице ѝ прави ултразвук.
– Дали ве скениравме? Дали е ова природен циклус? Сè е во ред, гледаме три бебиња – ѝ вели докторката, предизвикувајќи шокиран израз на лицето на идната мајка.
Кајла шест пати прашала „што“ пред да го покрие лицето и да почне да паничи, а докторот ја теши и ѝ вели да се смири.
Од објавувањето, видеото воодушеви многумина и собра над 35,1 милиони прегледи и 4 милиони лајкови.
@kaylamariecarrill Finding out i was having triplets was a shocking news 🥺 But also a blessing. #triplets #tripletsoftiktok #blessed #viral #fyoupage #pregnacy #fypシ #fypage ♬ original sound – Kayla Marie Carrillo
912