Ако Деца.мк беше дете, досега веќе ќе беше свесно дека е растено и чувано со многу љубов и внимание, хрането само со најдобрите состојки и опкружено со најдобрата фамилија. Деца.мк не е дете, но за нас исто како да е. Редакцијата што стои зад него сите овие 6 години го негува и одржува баш како да е мало дете, а фамилијата сте вие, нашите читатели.

Годинава славиме 6. роденден, со надеж дека уште многу повеќе ќе бидеме тука за сите родители, учители, лекари, а најмногу од сѐ, за најмалите – децата. Во секое време сме отворени за сите што сметаат дека можеме на некој начин да придонесеме за разубавување на светот на децата и истовремено бескрајно сме благодарни за довербата и верноста на нашата публика, без која ништо од ова немаше да биде.

За многу години!



912

X