Повеќето родители сакаат да одгледаат и да воспитаат успешни деца. Тие сакаат нивните деца да се запишат на најдобрите факултети и да напредуваат во образованието.

Шарлот М. Клар, независен образовен консултант со 20-годишно искуство, издвојува неколку карактеристики на децата кои често се запишуваат на добри факултети.

Работна етика

Работната етика покажува дека личноста е одговорна, способна и дисциплинирана. Без разлика дали се работи за чување деца, градинарство или нешто друго, сите овие примери покажуваат дека децата се одговорни и имаат вештини за управување со времето, истакнува советникот.

– Сето ова докажува дека тие ќе пораснат во самоуверени, цврсти и дисциплинирани луѓе – вели таа.

Учество во тимска работа

– Учеството во некоја форма на група, тим или активност во заедницата укажува дека детето има свесност за светот надвор од себе – посочува советничката. Учеството во тимска работа може да се практикува преку свирење во бенд, пеење во хор или учество во други училишни активности. Клар тврди дека тоа им помага на децата да ја развијат способноста за работа во хармонија со другите.

Управување со обврските

– Иако добрите оценки се важни за запишување на факултет, многу други работи се поважни – вели советничката и предлага родителите да ја негуваат и поттикнуваат интелектуалната љубопитност, работната етика и доверливоста кај нивните деца. Исто така, таа ги советува да не се залагаат за совршенство бидејќи е важно децата да имаат време за одмор и да поминуваат време со пријателите. Затоа, клучно е тие да знаат како добро да управуваат со своето време и активности.

Извор



912

X