Градскиот совет на хрватскиот град Новска донесе одлука за покачување на паричниот надоместок за новороденчињата. За прво дете родителите сега ќе добиваат 1.000 евра, наместо досегашните 335, за второ дете ќе добиваат 2.000 евра, наместо 665, додека додатокот за трето и секое наредно дете расте од 1.330 на 10.000 евра.

Ова е прва од новите демографски мерки што годинава планира да ги спроведе градоначалничката Марија Кушмиш, а поради која се очекува во следните години да се зголеми просечната бројка од околу сто родени бебиња.

– Новска е град пријателски настроен кон децата и град кој ги привлекува младите. Се грижиме да ги поттикнеме работните места, поради што имаме пад на невработеноста, а односот меѓу работниците и пензионерите е во корист на работниците, што беше речиси невозможно во последните неколку децении – рече Кушмиш.

Со оваа одлука Новска се најде на списокот со неколку хрватски градови кои држат рекорди по додатокот за новороденчиња. Освен надоместокот, имаат и програма за деца која вклучува пакет за бебиња што пристигнува на адресата на родителите откако мајката и детето ќе излезат од породилиштето. Пакетот се состои од дваесет најпотребни предмети кога бебето ќе пристигне дома.

Извор



912

X