Лекцијата што овој фудбалски судија им ја одржува на родителите пред фудбалскиот натпревар на нивните деца навистина вреди да ја слушне секој родител.
Нивните деца требало да играат фудбалски натпревар, меѓутоа, судијата повеќе не можел да ги слуша нивните коментари.
– Ако не постои почит, невозможно е. Ве молам, имајте на ум дека тие се мали деца и потребно е да им бидеме пример. Ако се занесете и ако почнете да навредувате, јас нема да го дозволам тоа. Ако ги преоптовариме со наредби: шутни ја, подај ја… на крајот тие нема да се забавуваат. И нормално, ќе правам грешки. Го кажувам тоа уште пред почетокот на натпреварот, во случај некој да мисли дека судијата мора да биде совршен. ЌЕ ПРАВАМ ГРЕШКИ. Но, сигурно дека нема да се намерни тие грешки. Идејата е да ги поканиме сите да соработуваат со нас за да создадеме образовна средина. Средина во која децата ќе се забавуваат и ќе се развиваат. А ако нема почит, тоа едноставно не е возможно. Ајде да ги оставиме да играат. Ајде да донесеме „ВАР“ од фановите: Ver (гледа), Аnimar (навива) и Respetar (почитува) и ништо друго. И оставете ги децата да си заминат среќни, без оглед дали победиле или изгубиле.
912